1. Имаше уште два дена до празниците Пасха и Бесквасници. Свештеничките поглавари и вероучителите бараа некој лукав начин да Го уапсат Исуса и да Го погубат.
2. Но велеа: „Не за време на празниците, зашто народот ќе се побуни!“
3. Исус беше на вечера во Бетанија, во куќата на Симон, кој порано боледуваше од лепра. Таму дојде една жена, носејќи шише од алабастер полно со скапоцен нардов мирис. Таа го скрши шишето и го разлеа нардовиот мирис врз главата на Исус.