Марко 12:39-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

39. Ги сакаат челните места во храмовите и почесните места на гозбите.

40. Тие им го изедуваат имотот на вдовиците, а божем се молат со долги молитви! Тие ќе бидат најстрого судени!“

41. Исус седна во храмот спроти ковчежето за доброволни прилози и ги набљудуваше луѓето како пуштаат пари во него. Забележа дека голем број богати луѓе ставаа големи суми пари.

42. Дојде и една сиромашна вдовица и пушти две парички.

43. Исус ги повика Своите ученици и им рече: „Ве уверувам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите други!

Марко 12