37. Ако самиот Давид Го нарекол Месијата свој Господ, како тогаш Месијата може да му биде син!?“ Многубројниот народ со одушевување го слушаше учењето на Исус.
38. Продолжувајќи да поучува, Исус рече: „Пазете се од вероучителите! Тие уживаат да се шетаат во долги мантии и да бидат поздравувани на јавните места.
39. Ги сакаат челните места во храмовите и почесните места на гозбите.
40. Тие им го изедуваат имотот на вдовиците, а божем се молат со долги молитви! Тие ќе бидат најстрого судени!“