Марко 12:3-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Но лозарите го фатија, го натепаа и го избркаа со празни раце.

4. Тој повторно им испрати друг слуга, но тие го изудрија по главата и го изнавредија.

5. Им испрати и трет слуга, но тие го убија. Потоа испрати и многу други слуги, но лозарите едни од нив претепаа, други убија.

6. Му остана уште само еден: неговиот син-љубимец. На крајот им го испрати и него, сметајќи дека ќе имаат почит спрема него.

7. Но лозарите си рекоа меѓу себе: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘

Марко 12