Марко 11:3-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Ако некој ве праша: ,Што правите?‘, кажете му: ,Му треба на Господ, и Тој бргу ќе го врати!‘“

4. Тие отидоа и го најдоа магаренцето врзано до една врата, покрај патот, и го одврзаа.

5. Некои од луѓето што стоеја таму, ги прашаа: „Зошто го одврзувате магаренцето!?“

6. Им одговорија како што им рече Исус и тие ги оставија на мира.

7. Учениците Му го донесоа магаренцето на Исус, ги положија своите облеки врз магарето, а Тој се качи на него.

8. Голем број луѓе постилаа облеки по патот, а други постилаа разлистени гранчиња што ги кршеа по полето.

Марко 11