Марко 11:26-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. (Но ако не им простувате на другите, и Бог вам нема да ви прости.)

27. Исус и Неговите ученици повторно дојдоа во Ерусалим. Додека Исус шеташе по храмот, Му пристапија свештеничките поглавари, вероучителите и старешините

28. и Го прашаа: „Со какво право го вршиш сето ова? Кој те овластил?“

29. Исус им одговори: „И Јас сакам нешто да ве прашам. Ако вие ми одговорите, тогаш и Јас ќе ви кажам кој Ме овластил да го правам сето ова.

30. Кажете ми, од каде му беше овластувањето на Јован Крстител да крштава: од Бога или од луѓето?“

31. Тие почнаа меѓу себе да си шепотат вака: Ако речеме „од Бога“, тогаш ќе ни рече: „Ами, зошто не му поверувавте!?“

32. Ако пак речеме „од луѓето“, се плашиме од народот, зашто сиот народ го смета Јована за пророк.

33. Затоа вака Му одговорија на Исус: „Не знаеме!“ Но Исус им рече: „Тогаш ни Јас нема да ви кажам со какво право го вршам сето ова!“

Марко 11