2. Исус испрати двајца од Своите ученици и им рече: „Отидете во селото што е пред вас. На самиот влез во селото ќе видите врзано едно младо магаре што досега не е јавано. Одврзете го и донесете го овде.
3. Ако некој ве праша: ,Што правите?‘, кажете му: ,Му треба на Господ, и Тој бргу ќе го врати!‘“
4. Тие отидоа и го најдоа магаренцето врзано до една врата, покрај патот, и го одврзаа.
5. Некои од луѓето што стоеја таму, ги прашаа: „Зошто го одврзувате магаренцето!?“
6. Им одговорија како што им рече Исус и тие ги оставија на мира.
7. Учениците Му го донесоа магаренцето на Исус, ги положија своите облеки врз магарето, а Тој се качи на него.
8. Голем број луѓе постилаа облеки по патот, а други постилаа разлистени гранчиња што ги кршеа по полето.