1. На пат кон Ерусалим, Исус и Неговите ученици пристигнаа во Бетфага и Бетанија, во близина на Маслиновата Гора.
2. Исус испрати двајца од Своите ученици и им рече: „Отидете во селото што е пред вас. На самиот влез во селото ќе видите врзано едно младо магаре што досега не е јавано. Одврзете го и донесете го овде.
3. Ако некој ве праша: ,Што правите?‘, кажете му: ,Му треба на Господ, и Тој бргу ќе го врати!‘“
4. Тие отидоа и го најдоа магаренцето врзано до една врата, покрај патот, и го одврзаа.
5. Некои од луѓето што стоеја таму, ги прашаа: „Зошто го одврзувате магаренцето!?“
6. Им одговорија како што им рече Исус и тие ги оставија на мира.