Марко 10:4-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Тие одговорија: „Мојсеј дозволува да и се напише потврда за развод на жената и таа да се отпушти.“

5. Исус им рече: „Мојсеј ви го допушти тоа бидејќи сте со закоравени срца.

6. Во почетокот Бог создаде маж и жена.

7. При стапување во брак човекот се одвојува од својот татко и од својата мајка и се присоединува кон својата жена.

8. Тогаш двајцата стануваат едно тело. Значи, тие не се повеќе две тела, туку едно тело.

9. Никој не смее да ги раздружува оние што Бог ги здружил во брак.“

10. Кога се вратија во куќата, учениците повторно Го прашаа Исуса за тоа.

Марко 10