Марко 1:7-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Тој им зборуваше на луѓето: „По мене доаѓа многу голем човек! Јас не сум достоен ни ремењата од Неговите сандали да Му ги одврзам!

8. Јас сега ве крштавам со вода, а Тој ќе ве крсти со Светиот Дух.“

9. Во тоа време дојде Исус од Назарет во Галилеја и Јован Крстител Го крсти во реката Јордан.

10. Во моментот кога Исус излегуваше од водата, Јован виде како се отвори небото и Светиот Дух во облик на гулаб слезе врз Исус.

11. Се чу и глас од небото: „Ти си Мојот сакан Син; со Тебе Сум наполно задоволен!“

12. Веднаш по ова, Божјиот Дух Го одведе Исуса во пустината.

Марко 1