Марко 1:5-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Кај него почнаа да доаѓаат луѓе од цела Јудеја и од Ерусалим. Тие ги исповедаа своите гревови, а Јован ги крштаваше во реката Јордан.

6. Јован носеше облека исплетена од камилски влакна и беше препашан со кожен појас. Се хранеше со скакулци и див мед.

7. Тој им зборуваше на луѓето: „По мене доаѓа многу голем човек! Јас не сум достоен ни ремењата од Неговите сандали да Му ги одврзам!

8. Јас сега ве крштавам со вода, а Тој ќе ве крсти со Светиот Дух.“

Марко 1