Марко 1:32-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

32. Вечерта, по зајдисонце, сите што беа болни или обземени од демони ги доведуваа кај Исус.

33. Целиот град се собра пред вратата.

34. Исус ги исцелуваше сите заболени од најразлични болести и ги ослободуваше од демонски духови. Демоните знаеја Кој е Исус, но Тој не им дозволуваше да кажат.

35. Рано утредента, уште в мугри, Исус стана и отиде на молитва, сам, на тивко место.

36. Симон и другите тргнаа да Го бараат.

37. Кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“

38. А Тој им одговори: „Да одиме на друго место, во соседните градови, за да им проповедам и ним, бидејќи за таа цел сум дојден.“

Марко 1