Марко 1:25-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

25. Исус му заповеда на демонскиот дух: „Замолкни и излези од човекот!“

26. Демонскиот дух го стресе човекот и со силна викотница излезе од него.

27. Луѓето останаа вчудовидени и си велеа еден на друг: „Што е ова? Некое ново и моќно учење! На демонски духови им заповеда и тие Му се покоруваат!“

28. Вестите за Исус бргу се раширија по цела Галилеја.

29. Напуштајќи ја синагогата, во придружба на Јаков и Јован, Исус отиде во куќата на Симон и Андреј.

Марко 1