Лука 9:46-49 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

46. Меѓу учениците на Исус се разви расправија за тоа, кој од нив е најголем?

47. Исус, познавајќи ги нивните мисли, повика едно дете, го стави крај Себе,

48. и им рече: „Тој што го прима ова дете во Мое име - Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме испрати. Најголем меѓу сите вас е оној што е најпонизен!“

49. Тогаш Јован Му рече на Исус: „Господару! Видовме еден човек, кој во Твое име изгонува демонски духови и му наредивме да престане, зашто тој не оди со нас.“

Лука 9