Лука 8:52-56 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

52. Сите веќе плачеа и го оплакуваа девојчето, а Исус рече: „Не плачете! Девојчето не е мртво, туку спие!“

53. Тие Му се потсмеваа, зашто знаеја дека девојчето е мртво.

54. Исус ја фати за рака и гласно извика: „Девојко, стани!“

55. Тогаш нејзиниот дух и се врати и таа веднаш стана, а Исус нареди да и дадат нешто да јаде.

56. Нејзините родители останаа вчудовидени, а Исус им нареди никому да не кажуваат за ова што се случи.

Лука 8