Лука 8:50-54 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

50. Исус го чу тоа и му рече на управникот: „Не плаши се! Само верувај и таа ќе оздрави!“

51. Пристигнувајќи во куќата, Исус не дозволи никој да влезе со Него, освен Петар, Јаков, Јован и родителите на девојчето.

52. Сите веќе плачеа и го оплакуваа девојчето, а Исус рече: „Не плачете! Девојчето не е мртво, туку спие!“

53. Тие Му се потсмеваа, зашто знаеја дека девојчето е мртво.

54. Исус ја фати за рака и гласно извика: „Девојко, стани!“

Лука 8