Лука 8:40-42 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

40. Кога се врати, Исус беше топло поздравен од народот, зашто сите Го очекуваа.

41. Му пристапи еден човек по име Јаир, кој беше управник на синагогата. Тој се фрли пред Исусовите нозе и Го молеше да дојде кај него дома,

42. каде што неговата ќерка единица, на возраст од дванаесет години, лежеше на умирање. Додека Исус одеше таму, многуброен народ се туркаше околу Него од сите страни.

Лука 8