Лука 7:44-50 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

44. па, свртувајќи се кон жената, Му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа жена? Кога дојдов во твојата куќа, ти ни вода на нозете не ми полеа, а таа со солзи ми ги изми и со својата коса ми ги избриша.

45. Ти не ме доброса со бакнеж, а таа, откако Сум влезен, не престана да ми ги бакнува нозете!

46. Ти не ми капна мирис на главата, а таа нозете ми ги намачка со скапоцен мирис.

47. Затоа, ти велам: големиот број нејзини гревови и се простуваат, зашто таа покажа многу љубов спрема Мене. А на кој му е малку простено, тој само малку љубов покажува.“

48. Потоа и рече на жената: „Гревовите ти се простени!“

49. Луѓето што седеа со Него на трпезата почнаа да си шепотат: „Кој е Овој што и гревови простува!?“

50. А Исус и рече на жената: „Оди си спокојно; твојата вера те спаси!“

Лука 7