Лука 7:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Благословени се оние што не се колебаат во однос на Мене!“

24. Штом Јовановите пратеници си заминаа, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Кога одевте кај Јована, во пустината, што очекувавте да видите: трска што се лулее на ветрот?

25. Што излеговте да видите: човек дотеран во раскошна облека? Луѓето што се облекуваат раскошно живеат во царски палати!

26. Тогаш, што излеговте да видите: пророк? Да, ви велам, видовте и повеќе од пророк!

Лука 7