Лука 7:14-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Потоа пријде до ковчегот и го допре. Луѓето што го носеа, застанаа, а Исус рече: „Момче, ти заповедам да станеш!“

15. Покојникот стана и почна да зборува, а Исус и го предаде на мајката.

16. Страв ги обзеде сите и Му оддаваа слава на Бог, велејќи: „Голем пророк се појави меѓу нас! Бог дојде за да го спаси Својот народ!“

17. Оваа вест за Исус се разнесе по цела Јудеја и по целата околина.

18. За сето ова што го правеше Исус, Јован Крстител беше известен од своите ученици.

19. Тој повика двајца од нив и ги испрати кај Господ, за да Го прашаат: ,Ти ли си Месијата што требаше да дојде, или друг да чекаме?‘

20. Доаѓајќи кај Исус, тие Му рекоа: „Јован Крстител нe испрати кај Тебе, за да Те прашаме дали си Ти Месијата што треба да дојде, или друг да очекуваме?“

21. Токму тогаш Исус исцелуваше многу луѓе од нивните болести, заболувања и од демонски духови, а и на голем број слепи им ги отвораше очите.

Лука 7