Лука 5:34-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

34. Исус им одговори: „Зар треба да се тераат сватовите да постат, додека младоженецот е со нив?

35. Но еден ден, младоженецот ќе се оддели од нив; тогаш тие ќе постат.“

36. Потоа им ја кажа оваа споредба: „Никој не кине парчиња од нова облека за да закрпи стара облека; зашто, така би се раскинала новата облека, а и новата крпа не би прилегала врз старата облека.

37. И никој не полни ново вино во стари кожни мешини, зашто мешините ќе пукнат од новото вино и виното ќе истече, а и мешините ќе пропаднат.

Лука 5