Лука 5:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Кога поради големата толпа не успеаја да го внесат внатре, тие се искачија на куќата и преку покривот го спуштија сосе носилата сред народот, пред Исус.

20. Кога Исус виде со колкава вера го прават тоа, му се обрати на парализираниот: „Човеку, гревовите ти се простуваат!“

21. Вероучителите и фарисеите почнаа да си шепотат меѓу себе: „Овој човек е богохулник! Само Бог може да простува гревови и никој друг!“

22. Знаејќи им ги мислите, Исус им рече: „Зошто ви доаѓаат такви зли мисли?

23. Полесно ли е да се каже: ,Гревовите ти се простуваат!‘, или ,Стани и оди!‘?

Лука 5