Лука 23:51-56 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

51. и не се сложуваше со овие одлуки и постапки, зашто и самиот го очекуваше Божјото царство.

52. Тој отиде кај Пилат и го побара телото на Исус.

53. Потоа го симна телото од крстот, го завитка во платно и го положи во дотогаш некористена гробница, што беше издлабена во карпите.

54. Тој ден беше петок, а веќе настапуваше саботата.

55. Заедно со Јосиф дојдоа и жените кои одеа со Исус уште од Галилеја и ја видоа гробницата во која беше положено Исусовото тело.

56. Потоа си отидоа дома, да подготват мирисливи масла за премачкување на телото. Во саботата не работеа, согласно со верскиот Закон.

Лука 23