Лука 23:51-55 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

51. и не се сложуваше со овие одлуки и постапки, зашто и самиот го очекуваше Божјото царство.

52. Тој отиде кај Пилат и го побара телото на Исус.

53. Потоа го симна телото од крстот, го завитка во платно и го положи во дотогаш некористена гробница, што беше издлабена во карпите.

54. Тој ден беше петок, а веќе настапуваше саботата.

55. Заедно со Јосиф дојдоа и жените кои одеа со Исус уште од Галилеја и ја видоа гробницата во која беше положено Исусовото тело.

Лука 23