31. Зашто, ако вака се постапува со зеленото стебло, тогаш што ли го очекува искршеното!?“
32. Покрај Исус, на распнување водеа и двајца злосторници.
33. Кога пристигнаа на местото наречено ,Череп‘, таму ги распнаа Исуса и злосторниците: едниот оддесно, а другиот одлево на Исуса.
34. А Исус се молеше вака: „Прости им, Татко, зашто тие не се свесни, всушност, што прават!“ Неговите облеки ги поделија меѓу себе со жрепка.
35. Народот стоеше и го гледаше сето ова, а еврејските водачи Му се подбиваа, велејќи: „Другите ги спасуваше, нека се спаси сега Самиот Себеси, ако е Тој навистина Месијата - Избраникот Божји!“
36. Му се подбиваа и војниците. Му приоѓаа и Го принудуваа да пие оцет,
37. говорејќи: „Спаси се, ако си цар на Евреите!“
38. Над Него ставија штица со натпис, кој гласеше: ,Овој е Царот на Евреите!‘