23. Но тие со голема викотница продолжуваа да бараат Исус да биде распнат и конечно надвладеаја.
24. Пилат реши да го задоволи нивното барање.
25. Им го пушти од затвор човекот чие ослободување го бараа - затвореникот за бунт и убиство - а Исуса им Го препушти на нивната волја.
26. Одведувајќи Го Исуса, војниците наидоа на еден човек по име Симон Киренеецот, кој се враќаше од полето и го натераа тој да го носи крстот за распнување на Исус, одејќи по Него.
27. По Исуса врвеше многуброен народ, меѓу нив и некои жени, кои плачеа и Го оплакуваа.
28. Исус се сврте кон нив и им рече: „Ќерки ерусалимски! Не оплакувајте Ме Мене, туку себеси и своите деца,
29. зашто идат денови, кога ќе се вели: ,Блазе си им на неротките, на утробите што не раѓале и на градите што не доеле!‘
30. Во тие дни луѓето ќе им довикуваат на планините: ,Паднете врз нас!‘, и на ридовите: ,Затрупајте нe!‘
31. Зашто, ако вака се постапува со зеленото стебло, тогаш што ли го очекува искршеното!?“
32. Покрај Исус, на распнување водеа и двајца злосторници.
33. Кога пристигнаа на местото наречено ,Череп‘, таму ги распнаа Исуса и злосторниците: едниот оддесно, а другиот одлево на Исуса.