61. Свртувајќи се, Господ Исус погледна во Петар. Тогаш Петар се сети на Господовите зборови, што порано му ги беше кажал: ,Пред да запеат петлите в зори, ти трипати ќе одречеш дека Ме познаваш!‘
62. Тогаш Петар излезе оттаму и горко заплака.
63. Чуварите што го држеа Исуса, Му се подбиваа и Го удираа.
64. Му ги врзаа очите и Му говореа: „Погоди кој Те удри!“
65. Му упатуваа и многу други навредливи зборови.
66. Кога се раздени, се состанаа народните старешини, свештеничките поглавари и вероучителите и Го изведоа Исуса пред еврејскиот Врховен совет.
67. Тогаш Го прашаа: „Кажи ни, Ти ли си Месијата?“ Исус им одговори: „И да ви кажам, нема да Ми верувате!
68. И кога би ве прашал нешто, вие нема да Ми одговорите.
69. Но отсега Јас, Синот Човечки, ќе седам оддесно на Семоќниот Бог.“
70. А тие во еден глас Му рекоа: „Тогаш, значи, Ти тврдиш дека си Божјиот Син, зар не?“ Тој им одговори: „Да! Вие самите рековте дека Јас сум Тој“.
71. Тогаш, тие рекоа: „Зар ни треба поголем доказ од овој!? Самите чувме што рече!“