Лука 22:60-63 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

60. Но Петар и овојпат одговори: „Не знам што зборуваш, човеку!“ Во истиот миг, додека Петар уште зборуваше, запеа петел.

61. Свртувајќи се, Господ Исус погледна во Петар. Тогаш Петар се сети на Господовите зборови, што порано му ги беше кажал: ,Пред да запеат петлите в зори, ти трипати ќе одречеш дека Ме познаваш!‘

62. Тогаш Петар излезе оттаму и горко заплака.

63. Чуварите што го држеа Исуса, Му се подбиваа и Го удираа.

Лука 22