Лука 22:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Јуда се согласи и почна да бара погоден момент да им го предаде кога нема да има народ наоколу.

7. Дојде денот на празникот Бесквасни лебови, кога за пасхалната вечера се колеа јагниња.

8. Исус ги испрати Петар и Јован со следниве упатства: „Одете и подгответе ја за нас пасхалната вечера.“

9. А тие Го прашаа, каде сака да ја подготват вечерата?

Лука 22