Лука 22:54-60 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

54. Тие Го уапсија Исуса и Го одведоа во куќата на Првосвештеникот. А Петар Го следеше оддалеку.

55. На средината на дворот запалија оган и поседнаа наоколу. Им се придружи и Петар.

56. Една од слугинките го забележа крај огнот, се загледа во него и рече: „И овој човек беше следбеник на Исус!“

57. Но Петар почна да одречува: „Жено! Јас не Го ни познавам!“

58. По извесно време, еден друг човек го забележа, па и тој рече: „И ти си еден од нив!“ Но Петар му одговори: „Не сум, човеку!“

59. Измина уште приближно еден час, кога некој пак тврдеше, велејќи: „Несомнено, и овој беше со Исус, а и Галилеец е!“

60. Но Петар и овојпат одговори: „Не знам што зборуваш, човеку!“ Во истиот миг, додека Петар уште зборуваше, запеа петел.

Лука 22