Лука 22:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Тој отиде кај свештеничките поглавари и кај управителите на храмот да се договори како да им Го предаде Исуса.

5. Тие се израдуваа и му ветија дека ќе му платат за тоа.

6. Јуда се согласи и почна да бара погоден момент да им го предаде кога нема да има народ наоколу.

7. Дојде денот на празникот Бесквасни лебови, кога за пасхалната вечера се колеа јагниња.

8. Исус ги испрати Петар и Јован со следниве упатства: „Одете и подгответе ја за нас пасхалната вечера.“

9. А тие Го прашаа, каде сака да ја подготват вечерата?

Лука 22