Лука 22:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Потоа Исус зеде леб, Му заблагодари на Бог, го раскрши на парчиња и им го раздели, велејќи им: „Ова го претставува Моето тело, кое се дава за вас. Правете го ова како спомен на Мене.“

20. Исто така, по вечерата им ја подаде чашата и им рече: „Оваа чаша со вино го претставува Божјиот нов завет, што ќе биде заверен со Мојата крв, која се пролева за вас.

21. Но еве ја веќе раката на Мојот предавник, кој вечерва седи со Мене на трпезава!

22. Да, Јас, Синот Човечки, ќе умрам како што Ми е определено, но тешко на оној што Ме предава!“

23. Тогаш апостолите почнаа меѓу себе да се прашуваат, кој може меѓу нив да биде тој што ќе Го предаде?

Лука 22