Лука 21:14-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Запомнете дека не треба да се грижите како ќе се браните,

15. зашто Јас ќе ви дадам такви зборови и мудрост на кои вашите противници не ќе можат да им противречат и да им се противставуваат.

16. А ќе ве предаваат и вашите сопствени родители, браќа, роднини и пријатели. Некои од вас ќе бидат и погубени.

17. Сите ќе ве замразат поради вашата вера во Мене.

18. Но, ни влакно од главата нема да ви падне.

19. Останете непоколебливи и ќе ги спасите своите души.“

20. „Кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте дека наскоро тој ќе биде разурнат.

Лука 21