38. Очигледно, Тој е Бог на живите, а не на мртвите, и за Него сите се живи!“
39. На ова, некои од вероучителите Му рекоа: ,Добро им одговори, Учителе!‘
40. И повеќе не се осмелија да Му поставуваат никакви прашања.
41. Исус ги запраша: „Како може да се смета дека Месијата е потомок на Давид?
42. Не вели ли самиот Давид, во книгата на Псалмите, вака: ,Јахве Му рече на Мојот Господ: седни од Мојата десна страна,
43. додека не ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!‘
44. Значи, Давид Го нарече Него ,Господ‘; како може, тогаш, Месијата да биде Давидов потомок?“
45. Додека сиот народ Го слушаше, Исус им се обрати на Своите ученици:
46. „Чувајте се од вероучителите кои сакаат да шетаат во своите долги облеки и да бидат поздравувани на јавните места; да седат на челните места по синагогите и на почесните места на гозбите!