35. додека оние што ќе бидат достојни за оној свет и за воскресението, ниту ќе бидат женети, ниту мажени.
36. Тие ќе бидат како ангели и ќе бидат бесмртни. Ќе бидат Божји чеда, бидејќи се чеда на воскресението.
37. А и Мојсеј јасно покажа дека мртвите воскреснуваат, кога во настанот со ,разгорената грмушка‘ Му се обрати на Господ со: ,Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.‘
38. Очигледно, Тој е Бог на живите, а не на мртвите, и за Него сите се живи!“
39. На ова, некои од вероучителите Му рекоа: ,Добро им одговори, Учителе!‘
40. И повеќе не се осмелија да Му поставуваат никакви прашања.
41. Исус ги запраша: „Како може да се смета дека Месијата е потомок на Давид?
42. Не вели ли самиот Давид, во книгата на Псалмите, вака: ,Јахве Му рече на Мојот Господ: седни од Мојата десна страна,
43. додека не ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!‘
44. Значи, Давид Го нарече Него ,Господ‘; како може, тогаш, Месијата да биде Давидов потомок?“
45. Додека сиот народ Го слушаше, Исус им се обрати на Своите ученици: