Лука 2:26-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Симон беше добил уверување од Светиот Дух дека нема да умре додека не Го види Месијата, ветен од Господ.

27. Поттикнат од Светиот Дух, Симон дојде во храмот токму кога родителите Го донесоа Детето Исус, за да Го посветат, согласно со она што беше пропишано со Мојсеевиот Закон.

28. Симон Го зеде Детето в раце и упати благодарност кон Бог, велејќи:

29. „Господе, сега можам спокојно да умрам зашто Ти го одржа Своето ветување.

30. Моите очи Го видоа Спасителот,

31. Кого Ти Го испрати за сите народи.

32. Тој е Светлина што на народите ќе им го открие Бога и ќе Му донесе слава на Твојот народ, Израел!“

33. А Јосиф и Марија се восхитуваа од овие зборови искажани за Исус.

Лука 2