Лука 2:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Во тоа време римскиот император Август издаде заповед за прв попис на населението во неговата земја.

2. Во времето на тој попис управник на Сирија беше Квиринеј.

3. Тогаш секој отиде да се запише во местото на своето потекло.

4. Така и Јосиф, кој беше потомок на царот Давид, тргна од галилејскиот град Назарет во јудејскиот град Витлеем, родното место на Давид.

5. Јосиф отиде таму да се запише заедно со својата бремена свршеница, Марија.

Лука 2