Лука 19:28-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Завршувајќи го излагањето, Исус, на чело на народот, продолжи да се искачува кон Ерусалим.

29. Кога се приближи до Бетфага и Бетанија, на Маслиновата Гора, испрати двајца од Своите ученици

30. и им рече: „Одете до селото што е пред вас. На влезот во селото ќе најдете врзано младо магаре кое никој досега не го јавал. Одврзете го и доведете го.

31. Ако некој ве праша: ,Зошто го одврзувате?‘, кажете му дека Му е потребно на Господ.“

32. Тие заминаа и најдоа сe како што им беше кажал Исус.

33. Кога го одврзуваа магаренцето, неговите сопственици ги прашаа: „Зошто го одврзувате магаренцето?“

34. Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ!“

35. и го доведоа кај Исус, ги положија своите облеки врз магаренцето, па Го качија Исуса.

36. Додека Тој јаваше, народот ги постилаше своите облеки по патот.

Лука 19