Лука 18:36-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

36. Кога слепиот слушна дека крај него минува толпа народ, запраша: „Што се случува?“

37. Тие му одговорија: „Минува Исус од Назарет!“

38. Тогаш слепиот повика: „Исусе, Сине Давидов, имај милост спрема мене!“

39. Минувачите го замолкнуваа, но тој викаше уште погласно: „Исусе, Сине Давидов, имај милост спрема мене!“

40. Исус запре и заповеда да Му го донесат слепиот. Кога се доближи, Исус го праша:

41. „Што сакаш да сторам за тебе?“ Тој одговори: „Да прогледам, Господе!“

42. Исус му рече: „Прогледај! Твојата вера те исцели!“

43. Во истиот миг, човекот прогледа и Му се придружи на Исус, славејќи Го Бога, а и сиот народ, кога го виде ова, Му оддаваше слава на Бог.

Лука 18