34. Меѓутоа, учениците не разбраа ништо од ова; овие зборови им звучеа таинствено и им остана нејасно, што сакаше Исус да им каже.
35. Кога Исус се доближи до градот Јерихо, крај патот седеше еден слеп човек и просеше.
36. Кога слепиот слушна дека крај него минува толпа народ, запраша: „Што се случува?“
37. Тие му одговорија: „Минува Исус од Назарет!“
38. Тогаш слепиот повика: „Исусе, Сине Давидов, имај милост спрема мене!“
39. Минувачите го замолкнуваа, но тој викаше уште погласно: „Исусе, Сине Давидов, имај милост спрема мене!“
40. Исус запре и заповеда да Му го донесат слепиот. Кога се доближи, Исус го праша:
41. „Што сакаш да сторам за тебе?“ Тој одговори: „Да прогледам, Господе!“
42. Исус му рече: „Прогледај! Твојата вера те исцели!“