Лука 18:31-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

31. Потоа Исус ги поведе со Себе дванаесеттемина Свои ученици и им рече: „Слушајте! Сега ќе влеземе во Ерусалим, каде што за Синот Човечки ќе се исполни сe што претскажале пророците.

32. Тој ќе им биде предаден на Римјаните кои ќе Го исмеваат, ќе Го навредуваат и ќе Го плукаат,

33. ќе го камшикуваат и ќе Го погубат, но на третиот ден Тој ќе воскресне.“

34. Меѓутоа, учениците не разбраа ништо од ова; овие зборови им звучеа таинствено и им остана нејасно, што сакаше Исус да им каже.

35. Кога Исус се доближи до градот Јерихо, крај патот седеше еден слеп човек и просеше.

36. Кога слепиот слушна дека крај него минува толпа народ, запраша: „Што се случува?“

Лука 18