Лука 18:2-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. „Во еден град имаше судија кој немаше ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето.

3. Во истиот град имаше и една вдовица, која честопати доаѓаше кај него и го молеше: ,Заштити ме од мојот противник!‘

4. Судијата долго време не преземаше ништо, но најпосле си рече: ,Иако јас немам ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето,

5. сепак, заради упорноста на оваа жена ќе се заложам за неа, за да престане да доаѓа и да ми додева!‘“

6. Во продолжение, Господ рече: „Чувте ли што рекол неправедниот судија?

Лука 18