15. Некои луѓе Му ги носеа на Исус своите дечиња, за да ги благослови, полагајќи раце врз нив. Кога Исусовите ученици го видоа тоа, почнаа да ги одвраќаат,
16. но Исус ги повика децата кај Себе и рече: „Пуштете ги децата да доаѓаат кај Мене и не спречувајте ги, зашто Божјото царство им припаѓа на таквите како нив!
17. Ве уверувам дека тие што нема да го прифатат Божјото царство како малите деца - нема да влезат во него!“
18. Еден од еврејските старешини Го праша Исуса: „Добар Учителе! Што треба да сторам за да се здобијам со вечен живот?“
19. Исус му одговори: „Зошто Ме нарекуваш ,добар‘? Само Бог е добар и никој друг.
20. Заповедите ги знаеш: ,Не врши прељуба, не убивај, не кради, не обвинувај лажно, почитувај ги татка си и мајка си ...‘“
21. Човекот одговори: „Спрема сите овие заповеди се придржувам уште од својата младост.“