Лука 18:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа Исус им ја кажа следнава споредба, за да им покаже дека треба постојано да се молат и да не се обесхрабруваат.

2. „Во еден град имаше судија кој немаше ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето.

3. Во истиот град имаше и една вдовица, која честопати доаѓаше кај него и го молеше: ,Заштити ме од мојот противник!‘

4. Судијата долго време не преземаше ништо, но најпосле си рече: ,Иако јас немам ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето,

5. сепак, заради упорноста на оваа жена ќе се заложам за неа, за да престане да доаѓа и да ми додева!‘“

6. Во продолжение, Господ рече: „Чувте ли што рекол неправедниот судија?

7. Зар нема и Бог да се заземе за Своите луѓе, кои Му се молат дење и ноќе!? Зар ќе задоцни со Својата помош?

Лука 18