4. Дури и седумпати на ден ако ти згреши и секојпат дојде кај тебе и ти рече: ,Се каам‘ - прости му.“
5. Апостолите Го замолија Господ Исус: „Зголеми ја верата во нас!“
6. А Исус им одговори: „Ако имате вистинска вера само колку едно синапово зрно, би можеле да и кажете на оваа црница: ,Искорни се и пресади се в море!‘ - и таа ќе ве послуша!“
7. „Замислете си дека имате слуга кој сте го пратиле да ора или да ви ги пасе овците. Кога ќе се врати од полето, дали најпрво му велите: ,Седни и бргу вечерај!?‘
8. Нема ли најпрво да му заповедате да подготви вечера за вас, да се препаше и да ве служи, па дури потоа тој да јаде и да пие?