Лука 14:2-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Тогаш на Исус Му пристапи еден човек со отоци на рацете и нозете,

3. а Исус им се обрати на учителите на верскиот Закон и на фарисеите, па ги праша: „Дали е во согласност со Законот да се врши исцелување и во сабота, или не?“

4. Тие молчеа. Тогаш Исус го допре болниот и го исцели, испраќајќи го здрав.

5. Потоа им се обрати ним: „Ако ви се случи синот или некое ваше добиче да падне в бунар во сабота, нема ли веднаш да го извадите, иако е сабота?“

6. Но тие и на ова не можеа ништо да Му одговорат.

7. Исус забележа дека некои од гостите ги одбираа почесните места за седење, па им го кажа следниов совет:

Лука 14