Лука 13:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Еден човек имаше во лозјето насадено смоква. Кога дојде да набере плод од неа - не најде.

7. Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години по ред доаѓам и барам плод на оваа смоква, но плод нема; затоа - пресечи ја! Зошто само да ја испостува земјата?“

8. А лозарот му одговори: „Господару! Остави ја уште годинава. Јас ќе ја опкопам и ќе ја наѓубрам;

9. можеби тогаш ќе роди нешто. Ако и потоа не роди ништо - пресечи ја!“

Лука 13