Лука 12:40-42 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

40. Така и вие, бидете подготвени, зашто Јас, Синот Човечки, ќе дојдам во час во кој не Ме очекувате!“

41. Тогаш Петар Го праша: „Господе, дали оваа споредба се однесува само на нас или на сите?“

42. Во одговор, Господ му рече: „Кој е верен и мудар слуга? Тоа е оној, кого неговиот господар го поставил да раководи со домашните работи и да им дава навреме храна на другите слуги.

Лука 12