Лука 12:10-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. На оној што Ме навредува Мене, Синот Човечки, може да му се прости, но на оној што Го навредува Светиот Дух - нема да му биде простено!

11. Кога ќе ве приведат на сослушување во синагогите, пред управници и владетели, не грижете се за тоа како ќе се браните и што ќе зборувате,

12. зашто во тој час Светиот Дух ќе ве поучи што треба да кажете.“

13. Од народот се огласи еден човек и Му рече на Исус: „Учителе! Кажи му на брат ми да го подели со мене имотот што ни остана од татко ни!“

Лука 12