Лука 12:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Кога се насобра многуброен народ, така што луѓето едни на други си ги газеа стапалата, Исус најпрво им се обрати на Своите ученици: „Пазете се од фарисејскиот квасец, односно, од нивното лицемерство!

2. Сe што е прикриено, ќе биде откриено и секоја тајна ќе биде јавно изнесена.

3. Сe што сте кажале во темнина, ќе излезе на виделина, и тоа што сте го шепотеле во собите, ќе се разгласува од покривите!“

4. „Ви велам, пријатели мои: не плашете се од оние што можат да го убијат само телото, а потоа не можат ништо повеќе!

5. Да ви кажам од Кого треба да се плашите: плашете се од Бога, Кој, откако ќе убие, има моќ да ги фрли луѓето во пеколот! Ве уверувам дека од Него треба да се плашите!

6. Не се продаваат ли пет врапчиња за две парички? Сепак, ниту едно од нив не е заборавено од Бог!

7. А вам и влакната на главата ви се броени! Затоа, не плашете се - вие сте многу поскапоцени од јата врапчиња!“

Лука 12